Дома Трансфер зона Челзи се вклучи во трката за Миленковиќ

Челзи се вклучи во трката за Миленковиќ

Дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец, Никола Миленковиќ игра уште една одлична сезона и е на мета на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со Фиорентина.

Интерес за Србинот од поодамна покажуваат Милан и Манчестер Јунајтед, но сега „сините“ сериозно се вклучиле во трката за неговиот потпис.

Миленковиќ на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Фиорентина ќе мора да го продаде, а за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Приоритет на Томас Тухел во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната, а Миленковиќ е на врвот на листата желби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…