Дома Топ вести Челзи не запира: Тргнува по ѕвездата на Леверкузен

Челзи не запира: Тргнува по ѕвездата на Леверкузен

Челзи ова лето сака значително да го засили тимот и ќе биде многу активен на трансфер пазарот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред неколку дена како „бомба“ одекна веста дека е пред реализација трансферот на Тимо Вернер од Лајпциг за кого „сините“ ќе ја платат откупната клаузула од 60 милини евра.

Меѓутоа, Челзи не сака тука да запре и ќе се обиде да донесе уште една ѕвезда од Бундеслигата, а станува збор за Каи Хаверц од Баер Левекузен.

20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. „Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте. 

Хаверц во моментов се проценува на 85 милиони евра, а Челзи е спремен да ја плати таа сума и да ја победи конкуренцијата.

Покрај Челзи, за Хаверц интерес покажаа и Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…