Дефанзивецот на Челзи, Гери Кехјил не влегува во плановите на Маурицио Сари, па му бил предложен на Рома и Интер, пренесуваат англиските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Интерес за Кејхил покажуваше Милан, но „росонерите“ се откажаа од дефанзивецот бидејќи им се вратија повредените фудбалери во одбраната.
Сега Кејхил им бил предложен на други два италијански клуба, Интер и Рома. „Нероаѕурите“ не покажуваат голем интерес бидејќи имаат доволно опции во одбраната.
Рома покажува интерес за Англичанецот, но ќе испрати понуда само ако се раздели со Иван Маркано.
https://youtu.be/FeAEKJfOnUg