Ливерпул официјално стапил во контакт со Борусија Дортмунд за да го информира германскиот клуб за инетресот кон Џејдон Санчо, пренесуваат англиските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Санчо во германскиот клуб пристигна во 2017 година од Манчестер Сити и блесна во дресот на „милионерите“. Овој 19-годишен офанзивен фудбалер воодушеви со своите настапи и се најде на мета на многу европски гиганти.
Оваа сезона Англичанецот одигра 29 меча за Дортмунд на кои постигна 15 гола и запиша 17 асистенции. Тој има договор со „милионерите“ до јуни 2022 година, но се шпекулира дека ова лето сигурно ќе ја промени средината.
Неодамна се појавија информации дека Манчестер Јунајтед и Ливерпул ќе се борат за неговиот потис, но сега Челзи сериозно се вклучи во трката за потписот на Санчо.
Младиот Англичанец е прва мета на тренерот Лампард, па „сините“ веќе го направиле првиот чекор и стапиле во контакт со Борусија Дортмунд.