Дома Фудбал Англија Челзи го наградува Палмер со нов договор

Челзи го наградува Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блеска оваа сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.

Палмер пристигна минатото лето од Манчестер Сити, но набрзо стана лидер во тимот и оваа сезона е најдобар поединец во Челзи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа раководството на „сините“ сака да го награди со нов договор и ќе му понуди двојно повисока плата, пренесуваат медиумите на Островот. Имено, Палмер моментално заработува 75.000 фунти неделно, а со новиот договор ќе добие 150.000 фунти.

Палмер оваа сезона настапи на 37 меча, а притоа постигна 16 голови и 12 асистенции во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најави ли Тухел со оваа изјава враќање во Премиер лигата?!

Томас Тухел вечерва игра решавачки натпревар на клупата на Баерн Минхен, но многу се пишув…