Дома Трансфер зона Челзи во јануари го доведува најдобриот играч на Интер?

Челзи во јануари го доведува најдобриот играч на Интер?

Управата на Челзи има план во зимскиот трансфер период да доведе напаѓач од светска класа.

Менаџерот на „сините“, Антонио Конте не е задоволен од работата на неговите напаѓачи, па се обиде да го пронајде своето решение во својата татковина.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, поранешниот тренер на Јувентус има голема желба во јануари на „Стемфорд Бриџ“ да го доведе Мауро Икарди. По пишувањето на некои италијански медиуми, Челзи е подготвен да понуди 100 милиони евра за трансферот на фудбалерот на Интер.

Мауро Икарди за сега има одлична сезона, на 12 натпревари постигна 11 гола и запиша една аситенција. Со можен трансфер не треба да го заборавиме фактот дека популарниот „Маурито“ има само 24 години.

Челзи моментално е на четвртото место на табелата со 22 бода, дури девет помалку од првопласираниот Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

На Островот тврдат: Де Брујн го напушта Сити, познат и новиот клуб

На само неколку дена пред почетокот на финалето од ФА Купот во кое Сити ќе игра за нов тро…