Дома Фудбал Чави ја посочи најголемата разлика помеѓу Меси и Нејмар

Чави ја посочи најголемата разлика помеѓу Меси и Нејмар

Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандес даде изјава за шпанските медиуми каде се осврна на евентуалното враќање на Нејмар на „Камп Ноу“.

Веќе неколку дена се шишува за тоа дека Нејмар не е среќен во Париз и дека сака да се врати во Барселона. Меѓутоа, тешко е да се очекува такво сценарио, особено поради начинот на кој Бразилецот го напушти клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По тој повод се огласи и Чави и изјави дека не верува во можноста Нејмар повторно да заигра во дресот на Барселона.

„Се сомневам дека Нејмар повторно ќе заигра за Барселона. Не сака да биде во сенката на Меси. Сепак, помеѓу него и Меси постои една голема разлика. Меси порасна во фудбалска смисла и игра многу зрело, што покажа многу пати. Од друга страна Нејмар допрва треба да порасне. Треба да созрее и сериозно да се однесува на теренот“, истакна Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…