Дома Фудбал Останато Црвена Звезда со навивачи ќе го пречека Милан

Црвена Звезда со навивачи ќе го пречека Милан

Српските медиуми пренесуваат дека Црвена Звезда добила дозвола со присуство на публика да го пречека италијанскиот гигант Милан во Лига Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Српскиот клуб ја чека конечната одлука од Кризниот штаб за официјално во продажба пуштат 17.000 билети за натпреварот, што е 30% од капацитетот на стадионот „Рајко Митиќ“.

„Сопствениците на сезонски билети за тековната сезона ќе имаат приоритет при купувањето билети за натпреварот со Милан. После нив, приоритет при купувањето ќе имаат членовите на клубот“, соопштија од клубот.

Дуелот од 1/16 финалето во Лига Европа помеѓу Црвена Звезда и Милан се игра на на 18 февруари во Белград, а една недела подоцна во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Перез за време на „Ел Класико“ го зеде телефонот и направи клучен повик

Поразот во Ел Класико беше јасен знак за Флорентино Перез да сега мора да започне со проме…