По трансферот на Коста Недељковиќ во Астон Вила за девет милиони евра, Црвена Звезда изгледа сега продава фудбалер за уште поголема сума.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Јован Мијатовиќ е пред потпис за Њујорк Сити од МЛС лигата, а од овој трансфер црно-белите би требало да добијат десет милиони евра, тврди српски „Телеграф“.
Мијатовиќ има 18 години и сезонава на 24 натпревари за Звезда постигна девет голови и додаде две асистенции. Се истакна и во натпреварите од Лигата на шампионите каде што доби шанса и го сврте вниманието на себе.
Треба да се каже и дека ова е најголемиот трансфер во историјата на Њујорк Сити. За разлика од Недељковиќ кој остана во наредните шест месеци како позајмен фудбалер на „Маракана“, Мијатовиќ веднаш се сели во Њујорк.