Дома Фудбал Цел свет го чекаше неговиот отказ, а тој бил изненаден и не очекувал!?

Цел свет го чекаше неговиот отказ, а тој бил изненаден и не очекувал!?

Реал Мадрид вчера го отпушти Јулиен Лопетеги, а како што тврди познатиот шпански новинар тој тоа не го очекувал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лопетеги во Реал Мадрид дојде пред почетокот на Светското првенство и поради тоа доби отказ од селекторскто столче на Шпанија, а таквиот негов потег сега може да заклучиме дека од спортски аспект беше погрешен.

Шпанскиот стратег во Реал доби отказ после 14 натпревари, а според информации на шпанскиот новинар Хозе Морено Лопетеги бил изненаден и не му било сеедно што добил отказ.

Сега веќе поранешниот тренер на Реал верувал дека и после поразот од Барселона (5:1) ќе остане на клупата, но јасно е дека резултатите беа доволна причина за Перез да му ја покаже „излезната врата“.

Треба да се истакне дека Лопетеги е тренерот кој најбрзо заработил отказ во Реал во ерата на Флорентино Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно ја одби првата понуда на Ман Јунајтед за нов договор

Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот на играчот од средниот ред и капитенот на…