Брегалница и хрватскиот дефанзивец Антонио Азиновиќ, по заеднички договор, се одлучија на спогодбен прекин на меѓусебната соработка на крајот од изминатата сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Азиновиќ во редовите на Брегалница пристигна во јуни минатата година, и по едногодишен настап во синиот дрес сега заминува од Штип.
Претходно, низ актуелниот преоден рок, Брегалница ги засили дефанзивните позиции со Александар Ристевски, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски и Колумбиецот Александер Борха Кордоба.