Дома Фудбал Репрезентации Хрватите победнички на генералката пред Мундијалот – погодуваа Крамариќ и Перишиќ

Хрватите победнички на генералката пред Мундијалот – погодуваа Крамариќ и Перишиќ

Репрезентацијата на Хрватска денес покажа дека се наоѓа во добра форма пред почетокот на Мундијалот

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на Далиќ денес беа подобри од уште еден учесник на Мундијалот, селекцијата на Сенегал.

На стадионот во Осиек, Хрватска славеше победа од 2:1 и тоа со пресврт. Сар во 48 минута ја искористи лошата реакција во одбраната на Хрватите, постигна гол после една контра, оружје кое што се очекува да биде главно на Сенегал на Мундијалот.

Перишиќ успеа да изедначи после еден слободен удар во 63 минута од средбата, за во 78 минута Крамариќ да постигне гол за победа од 2:1.

Хрватска Мундијалот го започнува на 16 јуни против Нигерија, додека Сенегал ќе одигра уште еден пријателски натпревар против Јужна Кореја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…