Дома Фудбал Останато ХИТ ВИДЕО: Тинејџер го посрамоти Нејмар на тренингот на Бразил

ХИТ ВИДЕО: Тинејџер го посрамоти Нејмар на тренингот на Бразил

Фудбалските репрезентации од Јужна Америка го очекуваат континенталното првенство, познатата Копа Америка.

Бразил е домаќин од 14. јуни до 7. јули. Од нив се очекува титула, а подготовките се во полн ек. На интернет се појави видео од тренингот на Бразил на кој се случи интересна ситуација.

Имено, ѕвездата на репрезентацијата Нејмар е познат по тоа што „продава“ на своите противници интересни финти, но овој пат тој се најде во спротивната улога.

 

Тинејџерот Вевертон, инаку репрезентативец на Бразил до 20 години, му ја турна топката на Нејмар меѓу нозе, по што ѕвездата на ПСЖ го повлече за дресот и го собори на тренивкот.

Нејмар во полн спринт се залета кон 19-годишниот кој ладнокрвно му ја направи финтата. Ова видео за кратко време стана вистински хит на интернет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ибрахимовиќ го избра својот фаворит за „Златната топка“

Меѓу фудбалерите кои се најчесто спомнувани, името на Ламин Јамал е сè почесто истакнато, …