Хесе Родригез до крајот на преодниот рок сигурно ќе го напушти ПСЖ, а последните информации говорат дека ќе се пресели во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хесе минатото лето дојде во ПСЖ како големо засилување од Реал Мадрид, но не ги оправда очекувањата, па полсе 6 месеци ќе го напушти Париз во потрага за поголема минутажа.
Англиските медиуми шпекулираат дека неговиот нов клуб би можел да биде Мидлсбороу и наводно недостасуваат само детали за реализација на трансферот. Се шпекулира дека 23-годишниот Шпанец ќе настапува во Мидлсбороу до крајот на оваа сезона како позајмен фудбалер, а потоа англискиот клуб ќе има опција за целосно да го откупи неговиот договор.
Хесе за ПСЖ настапи на вкупно 14 натпревари оваа сезона и постигна два погодоци што е исклучително лош учинок со оглед на тоа што ПСЖ минатото лето на „кралевите“ им исплати 25 милиони евра за неговите услуги.