Џенова синоќа го победи Наполи со 2:1, а херој за домаќините беше Горан Пандев кој ги постигна двата гола.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Капитенот на македонската репрезентација е главна тема во италијанските медиуми бидејќи на 37 години игра на врвно ниво.
За разлика од него Елмас беше трагичар, бидејќи во последната минута промаши чиста шанса и пропушти да му донесе реми на Наполи.
На крајот на мечот Пандев и Елмас завршија во прегратка, па капитенот го тешеше помладиот сонародник.