Дома Фудбал Лига на шампиони Херојот од сенка: Со неговото влегување Зидан го сруши Пари Сен Жермен (Видео)

Херојот од сенка: Со неговото влегување Зидан го сруши Пари Сен Жермен (Видео)

Реал Мадрид во вчерашниот натпревар му покажа на Пари Сен Жермен кој е европски шампион и го совлада во Мадрид со 3:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тимот на Зинедин Зидан стигна до победа со два погодоци за три минути преку Кристиано Роналдо (83) и Марсело (86).

Иако денес најмногу се пишува за Кристиано Роналдо кој стигна до бројката од 101 гол во Лигата на шампионите во дресот на Реал Мадрид, вкупно 116, херојот од сенка на „кралевите“ е Марко Асенсио.

Во 79 минута Зидан во игра го уфрли Асенсио на местото на Иско и тоа сигурно дека е најважниот момент на натпреварот. Во првата ситуација Асенсио се проби по левата страна ја испрати топката во петерецот Арелоа ја одби, а таа стигна до коленото Роналдо кој ја смести во мрежата.

Маестралните седум минути на Асенсио го достигнаа врвот во 86 минута кога Марсело повторно му ја остави топката по левата страна, а одличниот Марко го пронајде скоро и на истото место од каде што Роналдо три минути претходно го постигна погодокот.

Значи, Роналдо постигна два гол и запиша уште една историска ноќ во Лигата на шампионите, но клучен играч на натпреварот всушност беше Асенсио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…