Дома Фудбал Англија Хенес брутално го „боцна“ Мурињо: Тој е ѕвезда, но Јунајтед не оди напред!

Хенес брутално го „боцна“ Мурињо: Тој е ѕвезда, но Јунајтед не оди напред!

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес зборуваше за бившиот тренер на кошаркарскиот клуб на Баварците, кого го спореди со менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Хенес индиректно го „пецна“ Мурињо и изјави дека тој е само ѕвезда и не донесол никаков напредок во Манчестер Јунајтед.

„Човек мора да води сметка за тоа да не доведе тренер кој е ѕвезда, туку некој кој добро ќе се интегрира во групата“, изјави Хенес.

„Ќе ви дадам еден пример: Жозе Мурињо е ѕвезда во Манчестер Јунајтед, но не го однесе клубот чекор напред. Цело време се се врти само околу него“, заклучи Хенес.

Мурињо го презеде кормилото на Манчестер Јунајтед во 2016 година, потроши огромни пари на засилувања, но тимот не направи значајни резултати во овие две години.

Сепак, познавајќи го Мурињо сигурно нема да му остана должен на Ули Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Покетино за случајот со Манчестер Сити: „Ако од 115 обвиненија си виновен за 114, тешко е да знаеш каква казна би била праведна“

Маурисио Покетино го коментираше случајот со Манчестер Сити и бројните обвиненија за навод…