Дома Фудбал Англија Хари Мегваер е број еден во светот по еден показател!

Хари Мегваер е број еден во светот по еден показател!

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер има најмногу одиграни минути од било кој друг фудбалер во 2020 година, пресмета фудбалската опсервација CIES.

27-годишниот англиски репрезентативец поминал 4745 минути на терените до 17-ти декември и е во големо водство пред другите фудбалери. Втор на листата е Рубен Дијаш од Манчестер Сити, кој има 401 минути помалку. Трет на листата е Лионел Меси со одиграни 4293 минути.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед има тројца фудбалери во Топ 10 по овој показател. Бруно Фернандеш е четврт  на листата со одиграни 4164 минути, а Линделоф е на седмото место.

Мегваер води и кога се голманите во прашање. Голманот на бразилски Интернационал има одиграмо само 5 минути помалку од дефанзивецот на Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона ја „блиндира“ новата ѕвезда

Новото откритие на Барселона, Пау Кубарси стави потпис на нов договор со клубот до 20…