Дома Фудбал Хаос на натпревар во Ла Лига: Навивачите го покрија теренот со кабаници за дожд

Хаос на натпревар во Ла Лига: Навивачите го покрија теренот со кабаници за дожд

Синоќа во 24. коло од шпанската Ла Лига, Кадиз на домашен терен беше поразен од Бетис со резултат 2:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Головите ги постигна Вилијан Хозе и новото име во тимот на Севиља, Пабло Форналс. Бетис на тој начин се доближи до друштвото на врвот на табелата.

Од друга страна, Кадиз последен пат славеше во септември и е во зоната за испаѓање. Само три бода ги делат од зоната за испаѓање, па навивачите со право се загрижени поради лошата форма на тимот.

Затоа се решија на интересен протест. На истекот на 93. минута теренот беше покриен со кабаници за дожд, а судијата Рикардо Де Бургос одлучи една минута порано да свири крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР многу брзо ќе има и во Штип, Брегалница сака во вечерен термин да игра со Арсими!

Брегалница информираше дека имплементацијата на ВАР-системот на стадионот „Градски“ во Шти…