Нема да има екипи кои ќе испаднат од Лига 1 во Франција, која реши да ја прекине сезоната во април.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ова денеска го реши Националниот суд на Франција, кој ги разгледуваше жалбите на екипите незадоволни од суспензијата на првенството на 10 кола пред крајот и начинот на формирање на конечниот ранг.
Лион, кој не успеа да се избори за европските турнири, и Амиен и Тулуз, кои требаше да се преселат во втората лига, се чувствуваа најоштетено и ги бараа своите права на суд. На крајот, тој реши дека првенството нема да се обновува и нема ништо нелегално во начинот на подготовка на финалниот пласман, но Амиен и Тулуз нема да испаднат под овие околности и ќе останат во елитата следната сезона.
Сега раководството на Лига 1 мора да одлучи како да го промени форматот на првенството следната сезона. Има голема веројатност 22 екипи да играат во елитата на францускиот фудбал во следната сезона. Можно е лигата да ја обжали оваа одлука на суд.
? Le Conseil d’État valide la fin de saison et du classement mais suspend les relégations. La LFP doit réexaminer la question du format de la Ligue 1 pour 2020/2021
— RMC Sport (@RMCsport) June 9, 2020