Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Хаос во репрезентацијата на Белгија: Лукаку спречил голем инцидент!

Хаос во репрезентацијата на Белгија: Лукаку спречил голем инцидент!

После две кола Белгија нема сигурен пласман во осминафиналето, напротив за такво нешто и треба победа во дербито во третото коло против Хрватска.

Во второто коло Белгијците беа изненадувачки поразени од Мароко, а после овој натпревар се случувал хаос во соблекувалната, пренесува „Л’Eкип“. Имаше префрлувања и во јавноста, Де Брујн и Азар изјавија дека не можат до светската титула затоа што тимот е премногу стар, Вертонген порача дека стар е офанзивниот дел на репрезентацијата. Така тој намерно ги прозва Азар и Де Брујн.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атмосферата во соблекувалната била исклучително нарушена, а се создале и кланови. Се наведува дека во хаосот не учествувале само фудбалерите, туку и членови на стручниот штаб.

Лукаку се обидувал да ги смири страстите и да воведе мир помеѓу две страни. После ваквите информации и играта која ја прикажа Белгија на првите два натпревари тешко е да се верува дека оваа репрезентација има некакви шанси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…