Дома Фудбал Хаос во Париз: Се степаа навивачите на ПСЖ и Њукасл 🎥

Хаос во Париз: Се степаа навивачите на ПСЖ и Њукасл 🎥

Жестока тепачка изби во Париз пред вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Њукасл.

Фановите на англискиот тим тврдат дека ултрасите на ПСЖ влегле во локалот во кои се наоѓале и почнале да фрлаат столчиња и други предмети кон нив.

Навивачите на англискиот тим возвратиле, а на друштвените мрежи се појавија неколку снимки кои покажуваат за каков судир станувало збор.

Англичаните истакнуваат дека во локалот биле и семејства со деца. Натпреварот помеѓу ПСЖ и Њукасл се игра вечерва од 21:00 часот и овој натпревар би можел да биде пресуден за пласманот во следната фаза во група во која се уште Борусија Дортмунд и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Грилиш се врати на тренинг, но Мојс сè уште не го враќа во тимот

Англичанецот ќе пропушти четврти натпревар по ред по дисциплинскиот прекршок, а во Евертон…