Не е сигурно дека Мохамед Салах е заразен со коронавирус!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вчера Египетската фудбалска федерација објави дека ѕвездата на Ливерпул имал позитивен тест на Ковид 19.
Тоа предизвика лавина обвинувања за Салах дека ги прекршил правилата за социјално растојание и на тој начин се заразил со коронавирус.
Утрово таа информација беше избришана од Федерацијата и заменета дека тројца репрезентативци повторно ќе бидат тестирани пред денешниот меч со Того.
Според египетските медиуми ова е доказ дека резултатите од тестовите биле сомнителни. Салах се чуствува добро, нема никакви симптоми, па сега владее тотален хаос и не се знае дали е позитивен или не.