Дома Видео Хаос во Буенос Аирес, нападнати играчите на Бока, Тевез помина најлошо

Хаос во Буенос Аирес, нападнати играчите на Бока, Тевез помина најлошо

Толку очекуваното реванш финале помеѓу Бока и Ривер би можело да се одложи.

Еден час пред натпреварот неколку играчи на Бока се во лоша здравствена ситуација и не се спремни да го играат откако беа нападнати по доаѓањето на стадионот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бока бара од лекарскиот тим да направи прегледи на сите играчи и ако се утврди дека не се здрави, натпреварот да биде одложен.

Неколку играчи заработија повреди, а најлошо поминал Карлос Тевез, јавуваат медиумите од Аргентина. Наводно бил погоден од солзавец од страна на навивачите на Ривер.

Ситуацијата ескалираше и пред стадионот кога имаше пресметка помеѓу полицијата и навивачите на Ривер, кои се надеваат дека нивниот тим на Монументал ќе испишат историја и ќе ја освојат Копа Либертадорес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Јувентус го освои италијанскиот Куп

Јувентус го освои трофејот во италијанскиот Куп, откако во финалето ја победи Аталанта со …