Дома Топ вести Хамес Родригез би можел повторно во Шпанија – но, не во Реал Мадрид!?

Хамес Родригез би можел повторно во Шпанија – но, не во Реал Мадрид!?

Шпекулациите не престануваат, се ќе зависи од новиот тренер на Баерн, но сигурно дека и желбата на Колумбиецот ќе игра улога.

Баерн ќе го откупи Хамес Родригез за 55 милиони евра и во тоа нема никакви дилеми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, тоа би можело да биде само почеток. „Дон Балон“ тврди дека Нико Ковач има сосема други планови и во Баерн сака да го доведе сонародникот Ракитиќ кој своевремено во Бундес лигата го носеше дресот на Шалке.

Со цел да ја убеди Барселона во замена за потписот на Ракитиќ би можел да го понуди токму Родригез.

За Колумбиецот тоа би било можност да се врати во Шпанија, но и да заигра за најголемиот ривал на Реал. На некој начин тоа би било одмазда за начинот на кој си замина од Мадрид.

Секако, шпекулации секогаш постојат, а во овој момент ваков расплет не изгледа возможен, иако денешниот фудбал не навикна да гледаме и многу поневеројатни ситуации.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…