Дома Трансфер зона Хамес започна преговори со два европски гиганти

Хамес започна преговори со два европски гиганти

Хамес Родригез минатото лето се врати во Реал Мадрид, но не е во плановите на Зинедин Зидан, па „кралевите“ го ставија на трансфер листа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Колумбиецот ова лето сигурно ќе ја промени средината, а интерес за него покажуваат неколку клубови ширум Европа.

Последните информации говорат дека неговиот агент Жорге Мендеш веќе започнал преговори и тоа со два европски гиганти.

Мендеш веќе остварил средби со претставници на Манчестер Јунајтед и Јувентус, но преговорите моментално се во прекин поради пандемијата и ќе продолжат на лето.

„Кралевите“ преферираат Хамес да го избере Манчестер Јунајтед за да можат да го вклучат Колумбиецот како дел од трансферот на Пол Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…