Дома Фудбал Англија Халанд со чуден одговор: сакам кога Пеп вика на мене

Халанд со чуден одговор: сакам кога Пеп вика на мене

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд беше прогласен за најдобар фудбалер од страна на Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Норвежанецот во првата сезона со „граѓаните“ постигна 52 гола на 53 настапи, а притоа ги освои Лигата на шампиони, Премиерлигата и ФА-купот.

Халанд за време на церемонијата кажа дека има одличен однос со тренерот Пеп Гвардиола, кој некогаш знае да ги изгуби нервите и да почне да вика по него сред натпревар.

„Добро прашање. Морам да признаам дека Пеп понекогаш е страшен, но и татко ми е таков. Тоа ми се допаѓа затоа што ме мотивира. Не можам да се пожалам“, вели Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…