Дома Топ вести Халанд може да замине од Сити поради Гвардиола

Халанд може да замине од Сити поради Гвардиола

Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, сака да го напушти клубот поради лошиот однос со Пеп Гвардиола, открива шпанскиот медиум „Национал“.

Халанд е во фантастична голгетерска форма, досега за Сити постигна 31 гол на 27 натпревари во сите натпреварувања и дефинитивно покажа дека е еден од најдобрите трансфери во Премиер лигата во последните години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што тврди „Национал“, Гвардиола има лош однос и со неколку други фудбалери, Бернардо Силва, Ејмерик Лапорт, а оваа зима Жоао Кансело по караница со менаџерот замина на позајмица во Баерн Минхен.

Шпанскиот стратег направил лоша атмосфера во соблекувалната затоа што Гвардиола не е навикнат да биде под притисок и да заостанува зад лидерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…