Дома Фудбал Англија Халанд е рекордер и по заработка во Премиер лигата

Халанд е рекордер и по заработка во Премиер лигата

Ерлинг Халанд го воодушеви целиот свет со своите постигнувања од почетокот на сезоната, но неговите перформанси се и тоа како добро платени.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според „Дејли Мејл“, напаѓачот на Манчестер Сити ја зема највисоката плата во Премиер лигата.

Кон основната плата тој добива и лесно остварливи бонуси, па така доаѓа до сума од скоро 900 илјади фунти неделна плата.

Имено, Халанд заработува колку две големи ѕвезди заедно. Неговиот соиграч Де Брујн има неделна пла од 375.000, додека Роналдо неделно заработува 480.000 фунти.

Халанд ова лето пристигна во Манчестер Сити и веќе постигна 19 гола, од кои 14 во Премиер лигата и 5 во Лигата на шампиони, со што сруши неколку рекорди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Чаби Алонсо е нов тренер на Челси

Англискиот гигант Челси официјално потврди дека шпанскиот стратег Чаби Алонсо ќе го презем…