Дома Топ вести Халанд во голема трампа се сели во Серија А

Халанд во голема трампа се сели во Серија А

Eрлинг Халанд продолжува да ја воодушевува фудбалската јавност, па европските гиганти веќе почнаа да се „тепаат“ за неговиот потпис.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За потписот на Халанд интерес покажуваат многу европски гиганти, а неговиот менаџер Мино Раиола не ја исклучува можноста Норвежанецот да се пресели во Серија А.

„Спортмедиасет“ пренесува дека Милан веќе работи на неговиот трансфер и дека Халанд би можел да ја продолжи кариерата на „Сан Сиро“.

Раиола веќе започнал преговори со „росонерите“,  а Милан ќе треба да постигне договор со Борусија Дортмунд.

Цената на Халанд во моментов изнесува најмалку 80 милиони евра, но Милан е спремен во зделката да го вклучи Рафаел Леао, за кого Дортмунд покажува силен интерес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…