Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ објасни зошто Вардар нема да биде прогласен за шампион по прекинот на првенството

ФФМ објасни зошто Вардар нема да биде прогласен за шампион по прекинот на првенството

Денес фудбалската федерација на Македонија по предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука фудбалското првенство во Македонија да се прекине.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Првобитно ФФМ донесе одлука сезона да се доигра со плеј-оф и плеј-аут меѓутоа сега е објавен крај на сезоната, што поради зголемиот број на заразени, што поради ситуацијата со Ренова која мораше да оди во 14. дневен карантин.

Од ФФМ нагласија дека шампион сезонава нема да има затоа што немало доволен број на натпревари за Вардар кој е лидер да ја добие титулата.

„Нема да се прогласи шампион, процесот на лиценцирање е сеуште во тек, а потоа ќе се одредат екипите кои ќе играат во Европски купови“, соопштија од ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …