Дома Трансфер зона Фудбалот пред се: Бака одби „луда“ кинеска понуда!

Фудбалот пред се: Бака одби „луда“ кинеска понуда!

Италијанските медиуми пренесуваат дека кинескиот клуб Тианжин испратил понуда за Карлос Бака од 12 милиони евра по сезона, што е три пати повеќе од неговата плата во Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тианжин е во потрага по напаѓач, па откако не успеа да го донесе Калиниќ се насочи кон голгетерот на Милан, Карлос Бака.

Сепак, медиумите откриваат дека Колумбиецот ја одбил богатата понуда бидејќи не сака да ги стави парите пред фудбалот и сака да продолжи да ира во Европа.

Како што објави „Газета дело спорт“, Колумбиецот во изминатите месеци не е во добри односи со раководствот на клубот ниту со навивачите, па Милан веќе ја прифатил понудата од 35 милиони евра од кинескиот клуб.

Бака сака да игра во силна фудбалска лига за да може да игра на Мундијалот во Русија, а следното лето најверојатно ќе го напушти Милан бидејќи „росонерите“ сакаат да донесат нова голема ѕвезда во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…