Дома Фудбал Останато Фудбалерот на Бока: Никој не сака да се врати на местото каде што ќе го изгубевме животот

Фудбалерот на Бока: Никој не сака да се врати на местото каде што ќе го изгубевме животот

perez

Реваншот помеѓу Ривер и Бока кој требаше да се одигра на „Монументал“ неколку пати беше презакажуван поради хаосот кој го направија домашните навивачи.

Според последното одложување натпреварот требаше да се одигра еден ден подоцна, но КОНМЕБОЛ процени дека нема услови ниту тогаш да се одигра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега точната дата не е позната, се појавија и гласини дека Ривер би можел да биде дисквалифкуван, а постои и опција натпреварот да се одигра надвор од границите на Аргентина.

Еден од фудбалерите кој заработи повреда во нападот на автобусот, Пабло Перез порача дека единствена опција е натпреварот да не се игра во Аргентина.

„Никој не ќе може да ми го врати окото ако останам без него. Беше сосема очигледно дека не можеме да играме. Не сакаме да се вратиме на стадионот каде што можеше да го изгубиме и животот, луѓето таму се луди. Не ми е јасен ниту КОНМЕБОЛ после се што се случи тие сакаат натпреварот да се игра, па тоа е срамно. Не знам што ќе се случеше доколку натпреварот се одиграше и победевме“, изјави Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…