Дома Фудбал Англија Фудбалерот кој ја заврши кариерата на 24 години примен во болница поради инфаркт

Фудбалерот кој ја заврши кариерата на 24 години примен во болница поради инфаркт

Енох Мвепу кој некогаш важеше за голема надеж во Премиер лигата пред неколку месеци мораше да ја заврши кариерата на 24 години поради проблеми со срцето, а сега бил итно примен во болница во неговата Замбија.

Медиумите пренесуваат дека Мвепу доживеал срцев удар минатата недела и тоа додека возел автомобил.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


За среќа успеал да застане и да не предизвика сообраќајна незгода, но по излегувањето од возилото паднал на земјата, а случајните минувачи повикале брза помош.

„Енох Мвепу не се чувствува добро и во овој момент е во болница во Замбија каде што превентивно му се прават тестови. Нашиот медицински тим е во комуникација со болницата и стоиме на располагање.

Благодариме на сите што испраќаат пораки на поддршка и љубов кон Енох“, објави англиски Брајтон каде што Мвепу ја заврши кариерата.

Кариерата Мвепу ја заврши поради „висок ризик од срцев удар“ ако продолжи да игра фудбал и мораже прерано да стави крај. Брајтон му излезе во пресрет, па откако ја заврши кариерата му додели улога на тренер во најмладите категории.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти и Реал воодушевени: Ѓулер има неверојатна статистика

Турскиот фудбалер, Арда Ѓулер долго време чекаше вистинска шанса во Реал, но во завршницат…