Дома Фудбал Останато Фудбалер одбил да влезе во игра, го напуштил стадионот и никаде го нема 20 дена!

Фудбалер одбил да влезе во игра, го напуштил стадионот и никаде го нема 20 дена!

Фудбалскиот клуб Енпи објави дека нивниот крилен фудбалер од Буркина Фасо, Ерик Траоре го нема никаде 20 дена.

Имено, Траоре го напуштил стадионот на 18-ти април кога одбил да влезе во игра против Асуана и од тогаш му се губи трага. Во Енпи тој игра како позајмен фудбалер од Пирамидис.

Веднаш го исклучил телефонот и никој не стапил во контакт со него, а ниту неговиот агент не знае каде се наоѓа.

Исчезнувањето го потврди клубот преку социјалните мрежи.

„Се надеваме дека е добро и дека е само лут и се крие. Посакуваме што побрзо да се појави и да дојде да разговараме за формалностите“, објавија од Енпи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

И последниот човек на Морати го напушти Интер, не е до 100.000 евра – до принципот е!

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, ќе замине од клубот на крајот на сезоната, би…