Дома Фудбал Останато Фудбалер на Јувентус уапсен во Холандија

Фудбалер на Јувентус уапсен во Холандија

„Бјанконерите“ ризикуваа летото 2021 година, но сепак решија во својот тим да го доведат Мохамед Ихатарен.

За детето на ПСВ беа издвоени околу 2 милиони евра, иако во моментот на трансферот младиот Холанѓанец беше проценет на над 10 милиони евра. Во времето кога пристигна во Торино, за неговата кариера се грижеше Мино Раиола, а ниту сега починатиот Раиола не успеа да го смири младиот фудбалер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Брзо беше испратен во Сампдорија на позајмица, каде што не забележа минутажа – дури и сам реши да ја напушти Џенова и да се врати во Торино. „Бјанконерите“ потоа во јануари годинава го испратија во Ајакс, но и таму не забележа значително подобра минутажа, проблемите само се зголемуваа.

Вчера младиот Мохамед бил уапсен во својот дом во Утрехт, холандските медиуми немаат целосни информации, но се шпекулира дека фудбалерот е приведен поради закани. Проблематичниот фудбалер на крајот од годината треба да се врати во Јувентус каде што сигурно не сметаат на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …