Малдиот фудбалер на Македонија Ѓорче Петров, Константино Горгиовски доби повик за репрезентацијата на Нов Зеланд до 17 години.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што потврдија од клубот Горгиовски добил повик за претстојното првенство на ОФЦ




„Константино Горгиовски доби повик од селекторот на репрезентацијата на Нов Зеланд У-17 за престојното првенството на ОФЦ У-17, кое ќе се игра на Фиџи од 11 до 28 јануари 2023 година“, потврдија од клубот.




Нов Зеланд е во групата Б на турнирот заедно со Нова Каледонија и Американска Самоа. Тимот ќе го одигра првиот натпревар против Нова Каледонија во среда на 11 јануари на Академијата на ФА Фиџи.



