Дома Трансфер зона Французите дознаваат: Капитенот и Пасторе заминуваат од ПСЖ, следна дестинација – Серија А!

Французите дознаваат: Капитенот и Пасторе заминуваат од ПСЖ, следна дестинација – Серија А!

Француските медиуми најавуваат бурно лето во Париз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Уште од елиминацијата во Лигата на шампионите од Реал Мадрид познато е дека ќе има промени на кормилото и дека заминувањето на Унаи Емери е неминовно бидејќи не направи исчекор во Лигата на шампионите. Очекувањата се него да го наследи Томас Тухел.

Но, изгледа дека ќе има промени и во играчкиот кадар.

Радиото „РМС“ дознава дека оваа сезона е последна во клубот за капитенот Тиаго Силва и играчот за врска Хавиер Пасторе.

Двајцата во „градот на светлината“ пристигнаа од Италија, Аргентинецот од Палермо во 2011 година, Бразилецот од Милан една година подоцна.

Низ медиумите веќе некое време се појавуваат инфоромации дека и едниот и другиот би можеле да се вратат на Апенините. Се шпекулира дека Силва би можел да се врати во Милан, додека Пасторе уште од зимскиот преоден рок се поврзува со Интер.

Веста за заминувањето од ПСЖ надвор од медиумскиот простор од француското говороно подрачје ја лансираше преку Твитер Џонатан Џонсон, новинар кој работи за „ЕСПН“ и е задолжен за Лига 1 и случувањата во францускиот фудбал.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…