Репрезентацијата на Македонија во разигрувањето за петото место одигра натпревар против селекцијата на Русија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонските репрезентативци брзо се опоравија после високиот пораз од Франција, која и реално гледано веројатно беше преголем „залак“ за нашите момци. Но затоа Русија денес беше буквално прегазена со резултат 36:27.
Вреди да се истакна одличниот настап на голманот Томовски кој ги откажа Русите. Македонија уште на полувремето покажа дека Франција е заборавена и веќе после првите 30 минути имаа предност од 20:11.
Во натпреварот за петото Македонија ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Унгарија и Тунис.