Дома Топ вести „Франс Фудбал“: Мане го напушта Ливерпул и се сели во…

„Франс Фудбал“: Мане го напушта Ливерпул и се сели во…

Интересот на Реал Мадрид за ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане е силен и „кралевите“ ова лето ќе направат сериозен обид да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“.

Мане во тандем со Мохамед Салах и Роберто Фирмино стана страв и трепет за многу екипи, меѓутоа наскоро Сенегалецот би можел да го напушти „Енфилд“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Франс Фудбал“ објави дека Ливерпул би можел да го продаде Мане за 150 милиони евра и тоа во Реал Мадрид, кој веќе долго време е заинтересиран за неговите услуги.

Мане во неколку наврати истакна дека одлично се чувствува во Ливерпул, но Реал Мадрид едноставно не може да се одбие.

Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул веќе бара замена за Мане, а доколу Сенегалецот се пресели во Реал, „црвените“ ќе тргнат по Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати и детали: Најдобриот македонски кошаркар наредната сезона ќе игра во нов клуб!

Како што стојат работите повеќе нема дилеми, најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитри…