Кристиано Роналдо денес одлета за Париз со скоро целото семејство, каде што вечерва ќе се одржи церемонијата за доделување на „Златната топка“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Целото семејство денес со приватен лет од Мадрид отпатува за Париз, а покрај Роналдо во авионот беа и мајка му, брат му, двете сестри, најголемиот син и вереницата. Единствено недостасуваа само трите мали бебиња.
Роналдо вечерва готово сигурно ќе биде избран за најдобар фудбалер за 2017 година според „Франс Фудбал“ и ќе ја добие 5-та „Златна топка“