Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФОТО: Прозорците на аргентинскиот хотел гледаат кон ликот на Кристиано Роналдо

ФОТО: Прозорците на аргентинскиот хотел гледаат кон ликот на Кристиано Роналдо

Aргентина во осмина финалето од Светското првенство на 30. јуни ќе игра против репрезентацијата на Франција.

Главниот град на руската провинција Татарстан има само два хотели кои ги исполнуваат највисоките услови и кои имаат лиценца да сместуваат фудбалери кои настапуваат на Мундијалот.

Па, бидејќи Французите веќе го резервираа хотелот во кој беа сместени во текот на натпреварите од групната фаза против Австралија, на Аргентинците им остана хотелот Рамада, каде што Лионел Меси и друштвото ќе бидат сместени.

Не би било ништо чудно доколку хотелот нема поглед кон големиот графит на Кристиано Роналдо. Ликот на португалската ѕвезда беше насликан на блиската зграда, но за среќа за Аргентинците, графитот не се гледа од сите прозорци.

Графитот во Казан Роналдо го доби пред натпреварувањето во Купот на Конфедерациите кој се играше минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Се поклопија резултатите: БиХ ќе игра во нокаут-фаза на СП 2026

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина обезбеди место во нокаут-фазата на Светс…