Дома Фудбал Италија Фонсека најави, 16-годишниот талент утре ќе биде стартер

Фонсека најави, 16-годишниот талент утре ќе биде стартер

Младиот фудбалер на Милан Франческо Камарда има само 16 години, но веќе важи за најголемиот талент во италијанскиот фудбал.

Тој минатата сезона стана најмладиот дебитант во италијанската Серија А, а оваа сезона веќе дебитираше и во Лигата на шампиони.

Камарда тренира со првиот тим на „росонерите“, а тренерот Фонсека најави дека ќе биде во стартниот состав на мечот против Каљари.

„Можам да ви потврдам дека Франческо Камарда против Каљари утре ќе започне од првата минута“, кратко изјави Фонсека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси ја шокираше фудбалската јавност и ја заврши кариерата

Лионел Меси одлучи да ја заврши репрезентативната кариера и повеќе нема да го носи дресот …