Дома Топ вести Флик сака дисциплина, еден фудбалер на Барселона веќе бил казнет

Флик сака дисциплина, еден фудбалер на Барселона веќе бил казнет

Екипата на Барселона славеше победа од 3:0 во натпреварот против Алавес и така ја зголеми предноста во однос на Реал Мадрид на три бода.

Во овој натпревар внимание привлече потегот на Ханси Флик да го остави Жил Кунде на клупата за резерви.

Прво се претпоставуваше дека Флик сакал да му даде одмор, меѓутоа вистината е поинаква.

Флик е познат како некој кој сака максимална дисциплина, па така одлучил да го санкционира Кунде на клупата затоа што задоцнил.

„Не стигна на време за натпреварот и поради тоа беше казнет. Познато е дека Германецот сака дисциплина и ќе преземе драстични мерки за оние кои не ги почитуваат правилата“, открил извор од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сопственикот на Ман Сити може да биде принуден да се раздели со клубот

Сопственикот на Манчестер Сити шеик Мансур може да биде принуден да се раздели со клубот к…