Дома Македонски спорт ФИФА ја казни Македонија за натпреварот против Италија

ФИФА ја казни Македонија за натпреварот против Италија

Фудбалската федерација на Македонија доби казна од ФИФА за користење на пиртехника на навивачите на полуфиналниот бараж против Италија на „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Казната од ФИФА за ФФМ изнесува 2.000 евра. Македонија ќе потсетиме стигна до епска победа против Италија со голот на Александар Трајковски во последните моменти од мечот. На трибините во Палермо присуствуваа околу 1.500 македонски навивачи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во финалето од баражот за жал не успеавме да направиме уште една сензација и бевме поразени од Португалија со 0:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…