Дома Фудбал Останато ФИФА ја казни Албанија поради национализам во Струмица

ФИФА ја казни Албанија поради национализам во Струмица

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) и изрече парична казна на Фудбалската федерација на Албанија, поради низа националистички и политички скандирања на албанските навивачи на мечот против Македонија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Албанија заработи казна од 30.000 швајцарски франци како и дополнителна опомена поради албанскиот национализам, политичките скандирања и палењето на пиротехника за време на гостувањето во Струмица против Македонија.

Во Струмица имаше околу 300 навивачи на Албанија, кои речиси во текот на целиот меч неспортски и недолично се однесуваа, со бројни националистички скандирања, од типот „Илирида“, „УЧК“, „Голема Албанија“, како и со употреба на запаливи предмети.

Казна заработи и Фудбалската федерација на Македонија во висина од 5.000 швајцарски франци и опомена.

Дисциплинската комисија на ФИФА и изрече опомена и на израелската федерација за мечот во Хаифа против Македонија и тоа за фрлање тврди предмети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англичаните во проблеми пред натпреварот со Гана. Кејн со завој на тренинг

Англиската репрезентација се соочува со предизвици поради повреди пред вториот натпревар о…