Дома Фудбал ФИФА одлучи: Судијата кој судеше на Холандија – Аргентина испратен дома

ФИФА одлучи: Судијата кој судеше на Холандија – Аргентина испратен дома

Шпанецот Антонио Матеу Лахоз е испратен дома и нема повеќе да суди натпревари на Светското првенство.

Лахоз ја делеше правдата на натпреварот Холандија – Аргентина и тоа се покажа како негов последен натпревар во Катар. Споменатиот четвртфинален натпревар донесе многу тензии на теренот и надвор од него, а очигледно ФИФА не е задоволна.

Според ваквата реакција ФИФА токму Лахоз го обвинува за случувањата на теренот. Лахоз на овој натпревар подели дури 15 жолти картони, коментарите на многумина беа дека не успеа да ја одржи контролата на натпреварот и попушти кога во прашање е дисциплината на фудбалерите.

Аргентина сега ја чека полуфинале против Хрватска со која ќе игра утре од 20:00 часот. Тој натпревар ќе го суди Италијанецот, Даниеле Орсато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси е на 936 гола, а неговиот тренер е убеден: Ќе стигне до 1.000!

На Лионел Меси му недостигаат уште 64 гола до неверојатната граница. Кристијан Гонзалес ве…