Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФИФА одлучи: Познато кој ќе и суди на Хрватска во големото финале!

ФИФА одлучи: Познато кој ќе и суди на Хрватска во големото финале!

ФИФА донесе одлука кој ќе суди во големото финале на Светското првенство.

ФИФА одлучи! Аргентинецот, Нестор Питана ќе ја дели правдата во финалето на Светското првенство помеѓу Франција и Хрватска.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


На Питана ќе му помагаат сонародниците Ернан Мајдана и Хуан Белати, додека Холанѓанецот, Бјорн Кјуперс како и во полуфиналето помеѓу Хрватска и Англија ќе биде четврти судија.

Питана остави одличен впечаток во текот на турнирот, а финалето ќе му биде четврти натпревари. Судеше на отварањето помеѓу Русија и Саудиска Арабија, натпреварот од осминафиналето помеѓу Хрватска и Данска, а потоа и четвртфиналето помеѓу Франција и Уругвај.

Натпреварот за трето место му припадна на Иранецот, Алиреза Фагани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Ова е најлошата сезона во кариерата на Ѓоковиќ“

На Новак Ѓоковиќ не му оди баш најдобро оваа сезона и загрижува фактот што не влезе во нит…