Дома Фудбал Останато ФИФА го заштити Инфантино: Ова е обид да се „извалка“ новото раководство!

ФИФА го заштити Инфантино: Ова е обид да се „извалка“ новото раководство!

Вчерашните информации кои ги пласираа некоку еминентни медиуми меѓу кои и „Шпигел“ предизвикаа вистински земјотред во фудбалскиот свет.

Имено, се појавија тајни документи на „Football Leaks“ кои откриваат дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино им помагал на ПСЖ и Манчестер Сити да направат измама околу Финансискиот фер-плеј.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес Светската куќа на фудбалот преку официјално соопштение го заштити Инфантино и тврди дека ова е обид да се поткопа новото раководство.

„Пред четири неделе група новинари испратија стотици прашања до ФИФА. И покрај фактот што одговаравме на прашањата кои ни беа поставени, јасно и чесно, определени медиуми решија да игнорираат повеќе наши одговори со цел да се искриват фактите и да се дискредитира новото раководство на ФИФА.Основната цел на медиумите е да го поткопа новото раководство на ФИФА и да фрли сенка на претседателот Џани Инфантино“, стои меѓу другото во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…