Дома Фудбал Останато ФИФА ги објави 10-те фудбалери кои ќе се борат за наградата „Д Бест“ – ги нема Модриќ и Нејмар!

ФИФА ги објави 10-те фудбалери кои ќе се борат за наградата „Д Бест“ – ги нема Модриќ и Нејмар!

Светката куќа на фудбалот објави листа со 10 имиња кои ќе конкурираат за признанието Играч на годината на фудбалските награди „Д Бест”.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Оваа година нема некој фудбалер кој посебно се истакнува иако имаше неколку кои имаа фантастични сезони.

Интересно е што го нема актуелно најдобриот фудбалер на светот, Лука Модриќ, како и најскапиот на сите времиња, Нејмар бидејќи и двајцата имаа лоши сезони.

Оваа година има доста нови имиња како Де Лихт, Де Јонг, Ван Дајк и Хари Кејн, кои имаа одлични сезони и ќе се борат за наградата „Д Бест“.

Кандидати за наградата се уште: Меси, Роналдо, Азар, Салах, Мане и Мбапе.

Во изборот ќе учествуваат фановите со гласање на анкетата на веб страната на ФИФА, како и новинарите, селекторите на националните тимови и капитените.

Најпрво ќе бидат избрани тројца финалисти, а победникот ќе биде откриен на гала церемонија која ќе се одржи во Милано на 23 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Разоткривање: се подготвува трансфер на Осимен уште сега

Се чини дека Виктор Осимен се обидува да го напушти Галатасарај поради друг клуб. Ова го о…